ЗА ОВА ГО ПЛАЌАВМЕ, ДА ЈА ХЕЈТА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА Златко Ориѓански отруен од омраза

874

Поранешниот директор на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, Златко Ориѓански, се исмеа на Фејсбук со стоечките овации и долготраен аплауз за настапот на Македонската филхармонијазавчера во виенскиот „Музикферајн“, домаќин на престижниот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија.

„А бе како е можно да живеете во такви заблуди? Сеа, вие ќе појдете во Виена и ќе им покажете како се свири класична музика? Таму кадешто таа музика е измислена. Ќе појдете во Рим, Италија, пази богати, вие од Македонија ќе им покажете оперско пеење хаха. Како е можно вакви заблуди? Сеа, вие во културните центри ќе покажете како се свири Шопен? Хаха. А бе крстете се во Џамбо Агушеви, тоа сте вие, хаха“, коментира на Фејсбук фронтменот на некогашната македонска група „Анастасија“ и еден од најгласните поддржувачи на политиките на експремиерот Зоран Заев, чија Влада го постави за директор на МКИЦ во Тирана.






Поврзани содржини