ЗА ОНКОЛОГИЈА УШТЕ ВО 2012 ГОДИНА ИМАЛО КРИВИЧНА ПРИЈАВА Зошто ОЈО 12 години ја криело вистината?

Како ОЈО имавте 12 години на македонската јавност да им ја кажете вистина, за Онкологија уште во 2012 година имало кривична пријава - истакна пратеникот Љупчо Пренџов на денешната Анкетна комисија.

189

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов на денешната Анкетна комисија во Собрание, обраќајќи му се на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, истакна дека ОЈО имало 12 години на македонската јавност да и ја каже вистината бидејќи уште во 2012 година имало кривична пријава за клиниката за Онкологија.

– Во поглед на вистината и траорните сценарија, немој да заборавите дека тој што седеше пред вас овде, кажа дека во 2012 сте имале кривични пријава за Онкологија, до денеска 12 години поминале, во кои 10 години сте вработен во ОЈО од кои 5-6 години сте главен јавен обвинител, ништо нема. Во 2019 имало, во 2020 имало, ве молам без такви фрази вистината, вистината, сте имале точно 12 години да им ја кажете вистината на македонската јавност, а како ОЈО сте молчеле – рече пратеникот Љупчо Пренџов.






Пратеникот Пренџов, обраќајќи му се на јавниот обвинителна обвинителот Јовески истакна „нема ништо повисоко од јавниот интерес“.

– Нема повисоко нешто моментално од јавниот интерес, највисоко е јавниот интерес. Трето, наместо да гледате телевизија што зборуваме ние овде, требало да работите и да дојдете овде со готови информации до каде е истрагата. И четврто, немојте да кажувате дека пред јавноста не можете и немате право да зборувате, имате право, прочитано ви е правото, ако сакавте можевте да барате да биде затворена седницата за Анкетната комисија. Нема така лесно да си одите. Петто, немојте да заборавите господине Јовески кога го навредувате ова Собрание, ние тука во оваа Собрание седиме затоа што сме избор на граѓаните, а вие во оваа Собрание како јавен обвинител седите затоа што сте предлог на Зоран Заев и владата. Немој никогаш да го заборавате тоа, која институција е највисока во системот, а вие колеги од СДСМ не треба да го штитите Јовески туку вистината да ја бараме. Ако не може јавно, може на затворена седница – рече Пренџов.

Поврзани содржини