ЗА ОГРОМНИ СУМИ БЕШЕ ЗАКУПЕН ОБЈЕКТ ВО ВИЗБЕГОВО Владата го раскинува договорот меѓу „Хеј“ ДООЕЛ и Државната лотарија

446

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на договорот за закуп на административно – деловен простор што Државна лотарија го случи со фирмата „Хеј ДООЕЛ“ Скопје, соопштија од владината прес-служба.

Станува збор за поранешен ресторан за свадби во скопско Визбегово.






„Владата ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно-деловен простор склучен помеѓу ХЕЈ ДООЕЛ Скопје и Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија“, велат од владата.

Овој договор, како што наглласуваат од вЛадината прес-сллужба, беше склучен за време на минатата влада и предизвика „силни контроверзни и нереални високи суми при што се споменуваа и одредени лукративни интереси“.

Договорот е во износ од 2.26 милиони евра во период од неколку години.

Поврзани содржини