ЗА НИНО ВАСЕВ СЕ БАРА ОТСТРАНУВАЊЕ ОД РАБОТА И ОДЗЕМАЊЕ ПАСОШ Ексдиректорот се гони за осум кривични дела, осомничени се и тројца онколози заедно со организацискиот директор

Ексдиректорот Нино Васев има осум обвиненија, едно за Измама во службата, како и седум за Злоупотреба на службената должност, рече обвинителката Гоговска-Јакимовска.

1,885

Засега не се бараат притвори, туку мерки на претпазливост за ексдиректорите Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. За тројцата доктори не се бараат мерки. Ексдиректорот Нино Васев има осум обвиненија, едно за Измама во службата, како и седум за Злоупотреба на службената должност.

– Мерките се однесуваат само за медицинскиот и организацискиот директор, докторите онколозите не се опфатени. Мерките се забрана за напуштање живеалиште, одземање на патна исправа – рече обвинителката Гоговска-Јакимовска.






Обвинителката додаде дека за медицинскиот директор Нино Васев е побарна уште една мерка.

– За медицинскиот директор има побарано и мерка за оддалечување од работно место – изјави Гоговска-Јакимовска.

Според обвинителката, нема лица кои се во бегство, но кажа дека истрагата ќе се проширува.

Инаку како што информираше обвинителката не се докажало дека докторите од Клиниката за онкологија крателе или краделе терапии од пациентите кои примале скапа биолошка терапија, соопшти обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска. Таа кажа дека е постапувано спротивно на протоколите за лекување, во однос на дозирањето на лековите.

– Во текот на предистражната постапка во овој предмет работевме во тим од двајца јавни обвинители. Беа преземени многу правни дејствија и беше прибавена обемна документација. Од исклучителна важност за оваа постапка беа онколошките пациенти и нивните семејства. Јавно им се заблагодарувам и ги охрабрувам и да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби за кои биле сведоци на Клиниката за Онкологија – рече Гоговска-Јакимовска на прес-конференцијата по брифингот со новинарите.

Таа додаде дека за овој предмет станува збор за кривично дело Измама во службата и е за двајцата директори, а за тројцата доктори онколози е за помагање во извршувањето на кривичното дело. Медицинскиот директор д-р Нино Васев се товари и за седум кривични дела за злоупотреба на службената должност.

„Фактурите за вака набавените лекови биле изготвени и доставени до Клиниката по склучување на договорите за јавна набавка, без почитување на начелото на конкуренција. Набавени се лекови по склучување на договор со добавувачите без согласност од ФЗОМ. За да сите овие набавки и склучени договори предизвикаат правно дејство мора да имаат согласност од ФЗОМ, без неа, немаат правно дејство. Во периодот од 2018 до 2021 година, осомничениот медицински директор не ги фактурирал лековите од биолошката терапија кон ФЗОМ, биле преземани обврски над определениот годишен буџет, Клиниката вршела делење на набавката на ист лек и спроведувала постапка со преговарање без објавуавање на оглас во неколку наврати за краток временски период. Она што е карактеристично за оваа постапка е недостатокот за транспаретност и субјективно однесување на учесниците во постапката. Ова отвора можност за коруптивни практики. Оваа постапка за преговарање без оглас се смета за постапка која не треба да се користи освен доколку ситуацијата не дозволува спроведување на други постапки за доделување на договори за јавни набавки“, рече обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска.

Обвинителката на брифингот со новинарите кажа дека спротивно на протоколите за лекување, се препишувани лекови на пациенти каде постои недоследност во дозирањето на лековите и тајмингот на апликацијата. Прегледани се повеќе од 500 истории, а повеќе од 25.000 електронски записи на пациенти.

– Тоа не значи дека е кратена или не е давана терапија, бидејќи во овој момент такво нешто не се докажа. Ова значи, народски кажано дека е требувана вишок терапија на име на пациентите. Раздолжувана е терапија повеќе од тоа што треба пациентите да го примат. Биле издавани (препишани) скапи лекови од новите генерации на имуно терапија на ден пред смртта на пациентот – а ова значи дека кога веќе било очигледно дека од апликацијата на таквиот лек дека нема да има бенефит поради статусот на пациентот, тие биле давани. Дали се дадени или не се дадени ние не можеме да тврдиме – додаде обвинителката.

Тие објаснија зошто биле направени претходните претреси пред неколку месеци. Предметот го водат двајца обвинители.

– Се влегува во истражна постапка по предметот „Онкологија“. Според пишувањата во медиумите почнаа некакви сомненија на ниво на основи на сомненија за злоупотреби по различни начини од страна на претходните раководни лица по однос на лекувањето и злоупотреба на народните пари односно кражба на финансиски средства поврзани со буџетот. По тоа основи на сомнение даваше за право да се основа предмет за криминалистичко истражување за да се даде повеќе информации и доказен материјал. Се формираше предмет во полиција, одлучија дека треба да се влезе во Онкологија бидејќи имало сознанија дека доказен материјал може да биде предмет на контаминација и уништување. Тоа е до тогаш – рече Бубевски.

Поврзани содржини