За набавка на 833.000 дози вакцина за ковид-19 Владата ќе потроши 7,9 милиони евра

Програмата ќе се реализира во рамките на одобрените средства во висина од 487.900.000 денари, од кои 69.722.000 денари се предвидени за авансно плаќање на вакцините против ковид-19.

223

Владата ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението со што  ја потврди намерата на Министерството за здравство за учеството во COVAX Facility за набавка на 833.000 дози на вакцини за ковид-19.

Програмата ќе се реализира во рамките на одобрените средства во висина од 487.900.000 денари, од кои 69.722.000 денари се предвидени за авансно плаќање на вакцините против ковид-19.






Министерството за здравство претходно соопшти дека со измена на Програмата за вакцинација сме чекор поблиску до обезбедување на вакцините за ковид-19 преку Ковакс-механизмот.

Преку Ковакс-механизмот ќе се обезбедат 833.000 вакцини – дози за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација.

Првата испорака на вакцини се очекува во првите месеци од 2021 година.

Поврзани содржини