ЗА МИГ ЗАСТАНА ЕДЕН ОД НАЈПРОМЕТНИТЕ АЕРОДРОМИ Аларм на пистата за бизарна причина која ќе ве воодушеви!
Вработените во аеродромот го отстраниле животното со мрежа и провериле дали има други странски објекти на пистата долга 4.000 метри, што предизвикало 15 минути задоцнување на пет летови, пренесува јапонскиот весник „Маиничи Шимбун“.
Желка на пистата на вториот најпрометен аеродром во Јапонија го одложи полетувањето на пет авиони, пренесува Би-Би-Си.
Желката, тешка нешто повеќе од два килограми, беше забележана како полека се движи по асфалтот на меѓународниот аеродром Нарита во близина на Токио во петокот наутро, што го натера пилотот кој се подготвуваше да полета да ја контактира контролата на летање.
Вработените во аеродромот го отстраниле животното со мрежа и провериле дали има други странски објекти на пистата долга 4.000 метри, што предизвикало 15 минути задоцнување на пет летови, пренесува јапонскиот весник „Маиничи Шимбун“.
Инаку станува збор за авионите на јапонската авиокомпанија АНА, чиј труп е украсен со светло и темно сини слики на морски желки, украс што дебитираше во јули минатата година во прославата на започнувањето на услугата на превозникот на Хаваи, каде што овие животни се сметаат за свети.
– На Хаваите се смета дека морските желки носат среќа и се надеваме дека оваа желка што дојде да го испрати летот сигнализира светла иднина – се наведува во соопштението на авиокомпанијата.