ЗА МАЛКУ ЌЕ УМРЕВ, ИМАВ ДВА ЦАРСКИ РЕЗА! Славната актерка открила шокантни детали
Палтроу не навлегувала во деталите околу породувањето на нејзината сега 17-годишна ќерка која ја има со нејзиниот поранешен сопруг.
Гвинет Палтроу (49) откри дека „речиси умрела“ раѓајќи ја ќерката Епл.
Оскаровката зборувала во подкастот „Armchair Expert“ на Дакс Шепард каде што зборувала за тоа на кој начин телата се менуваат како што стареат.
„Имав два царски реза. Породувањето со мојата ќерка беше итно, беше лудо, за малку ќе умревме“, објаснила таа. „Во секој случај, потоа имате голема лузна на вашето тело и мислите „Леле, тоа го немаше таму“, рекла актерката.
Иако Палтроу не навлегувала во деталите околу породувањето на нејзината сега 17-годишна ќерка која ја има со нејзиниот поранешен сопруг, музичарот Крис Мартин фронтмен на „Колдплеј“, таа претходно го споменала искуството на чекор до смртта и спонтаниот абортус што го имала додека била бремена со третото дете.
– Имав многу лошо искуство кога бев бремена по третпат, за малку ќе умрев – рекла Гвинет во 2013 година.
Гвинет е мајка и на синот Мозес (15), кого го доби исто така во бракот со Крис Мартин.
Таа зборуваше и за тоа како општеството става премногу акцент на состојбата на женското тело по породувањето, особено со подемот на социјалните мрежи.
„Му благодарам на Господ што немаше Инстаграм кога имав бебиња, затоа што сега постојано гледам постови од типот: „Ох, се породив пред две недели и имам целосно празен стомак“, а јас си мислам: „Јас не изгледав така“. Сега се храниме со совршени фотографии кои ни покажуваат како би требало да изгледаме цело време – со децата, без нив, сеедно“, рекла таа.
ФОТО: Инстаграм