ЗА МАЛКУ ЌЕ СЕ УДАВЕА Три лица се заглавија во лифт, а водата им дојде до раменици (ВИДЕО)
Тони Лу, еден од луѓето кои заглавија во лифтот со двајца пријатели, рече дека водата само одеднаш почнала да влегува во лифтот.
Околу 18.000 луѓе во Небраска останаа без електрична енергија поради големата бура и поплава, а три лица беа заглавени во лифт што почна да се полни со вода.
Сѐ се случи во најголемиот град на споменатата сојузна држава Омаха.
Тони Лу, еден од луѓето кои заглавија во лифтот со двајца пријатели, рече дека водата само одеднаш почнала да влегува во лифтот.
– Не знаевме дека има поплава во подрумот, но отидовме да провериме што се случува. После тоа, нивото на водата само што почна да се зголемува. Мислам дека дојде до вратата, а потоа забави. Јас ги притиснав копчињата, барав начин да избегам, но не успеав. Го зедов мобилниот телефон, му се јавив на цимерот и му реков дека може да умрам – вели Лу, додавајќи дека ги спасиле пријателите.
– Ја турнаа вратата однадвор, за ние однатре да може да ја отвориме. Мислам дека ќе треба да бидам посвесени за временските услуови, ако има поплава, ќе се качам по скалите. Никогаш не знаете што ќе ви донесе животот – изјави Лу за Би-Би-Си.