📽️ ЗА МАЛКУ ЌЕ ГИ УБИЕЛЕ ЛЕКАРИТЕ И СЕСТРИТЕ! Дури 50 лица сакале да ги линчуваат, едвај спасиле жива глава
Насилните напади резултираа со повреди на тројца лекари, од кои едниот заврши со скршеница на раката поради обидот да се заштити од напаѓачите.
Страв, болка, крв и солзи владееја во одделот за торакална хирургија на поликлиниката Риунити во Фоџа, каде лекари и медицински сестри беа нападнати од педесетина гневни членови на семејството и пријатели на починатата 23-годишна девојка.
Според италијанските медиуми, дури 50 луѓе се собрале пред болницата и го нападнале медицинскиот персонал, што довело до хаос.
Лекарите и медицинските сестри беа принудени да се забарикадираат во одделението за да се заштитат од насилните напаѓачи.
Ситуацијата траела се додека не дошла и интервенирала полицијата која го воспоставила редот и мирот во здравствената установа.
Насилните напади резултираа со повреди на тројца лекари, од кои едниот заврши со скршеница на раката поради обидот да се заштити од напаѓачите.
Инцидентот предизвика шок и негодување во локалната заедница, додека здравствените работници беа принудени да се соочат со физичките и емоционалните последици од насилството.
Dove se no a foggia pic.twitter.com/6zNBGgQg5M
— misstufi (@poilofaccio) September 6, 2024
Трагичниот случај на 23-годишната Наташа Пуљезе, која почина по операција, предизвика длабока тага и шок кај луѓето, особено кај членовите на семејството и роднините.
Девојчето било хоспитализирано по сообраќајна несреќа и била подложена на тешка операција, но за жал починала откако состојбата нагло ѝ се влошила.
По смртта на пациентката, покренати се две истраги – едната од Обвинителството во Фоџа, а другата од здравствена установа.
Овие истраги се насочени кон утврдување на околностите и одговорностите поврзани со трагичниот исход, додека заедницата остана во шок и бараше одговори на прашањата кои се појавија по овој настан.