За македонско-блгарските проевропејски одношенија: ниту потценување, ниту натценување

Седиме со Бранчета, со Љубиша и со преведувачката на работната маса. Му велам на Бранчета – ај да не трошиме пари (што би рекол драгиот Радев) за „превеждање!“.

1,495

Во средата „го собра“, а три дена подоцна, бугарскиот претседател Симон Радев „го истури“ во Скопје нашиот „президент“, Стево Пендаровски.

Шегава е позајмена од емисијата „360 Степени“, на Васко Попетрески, поточно од неговиот соработник Владимир Мирчески, за чие новинарство имам многу високо мислење, а имам и разбирање за неговиот специфичниот сленг. Зашто да не, малку да излеземе од шемата.






„Скапиот“ пријател од Бугарија, Радев, во Скопје, „собра“ и поголема група новинари од Македонија. Зашто да не? Едноставно, неговиот „самолет“ е „малко погољем“ од нашиот. Ем ќе ги видат Рим и Ватикан, ем малку ќе се „здушат“ со „блгарските“ им колеги.

Шегата настрана, потегот на двајцата „президенти“ за заедничко летање до Рим и назад, односно заедничко поклонување пред гробот на Светите браќа, Кирил и Методиј е чин за поздравување. Од тоа нема штета, народите во двете земји ќе го поздрават, а го поздрави и светот – од Брисел до Вашингтон.

Секако и Москва (на свој начин!).

Јас не верувам дека идејата била само на нашиот Стево и нивниот Радев, без разлика што вториов се опира на идејата, во „внатрешните“ работи да ни се меша Брисел. Ние сме си разумни хора, си говориме на јaзик „сашт като ист“, те што потреба да трошиме дополнителни „левчета и денарчета“ за превод!?

Така вели „скапиот“ пријател Радев. Негов акал, негова одговорност. Европа слуша и цени. Кажано бешена свет ден, пред Светата столица.

Нашиот претседател, не му остана должен. Го прекина во говорот за да му каже: „вие, дома, ќе си говорите ‘по блгарски’, ние, дома, ќе си зборуваме по македонски, а надвор ‘сичките’ ќе зборуваме по европски, ако сакаш и по – ‘европејски’!“

Арно, ама, „ниту со потценување, ниту со преценување“, „казва нашија президент“.

Браво, бе галичанец! Не случајно галичание учат само за директори, министри и претседатели!

За што учи син ти, мори? прашува една од Црвена Вода. Мори за директор, шта ќе учи за нешто друго, а твојот? Мојот за новинар. Ако, де, некој и тоа треба да го работи.

Нејсе, зошто е толку скап преводот од „блгарски“ на македонски и обратно?

Едноставно затоа што за Бугарите е премногу „скап“ македонскиот јазик. Премногу е мелодичен, како што македонската историја е премногу романтична. Така глаголеше еден претходен „президент во столицата“. А кој не би сакал да ги има?

Оној што го молиш не треба да го лутиш! Ама, ако си поакален од него, можеш многу убаво да го искористиш, да го впрегнеш за да ти ја изора нивата, а самиот да не се сети дека ора. Ќе ви посведочам еден личен пример, едно лично искуство:

На времето, додека и самиот се рашетував во владините одаи, со Бранчета наш дебрчанско-слатински (еј луѓе мои – тој канцеларијата од војводата Љубчо, јас од војводката сестра Доста – први комшии!), решив да му подготвам на премиерот една „скапа“ прес-конференција во столицата. Со првите луѓе, газдите на бугарските медиуми.

Се сместивме во двораната на хотелот „Бугарија“ на последниот кат. Тогашниот амбасадор Љубиша Георгиевски донесе преведувачка. Седиме со Бранчета, со Љубиша и со преведувачката на работната маса. Му велам на Бранчета – ај да не трошиме пари (што би рекол драгиот Радев) за „превеждање!“.

Овој, ме гледа мрко, демек, каде ти е акалот? Јас упорен. На твоја одговорност – на моја одговорност.

Наредниот ден, Љубиша носи прес-клипинг каков „дотогаш не видел!“. Да, наредниот ден, ќе одиме кај президентот, оној историчарот за кого Македонија беше „најромантичниот дел од блгарската историја!“.

Љубиша ја носи и преведувачката. Тука, веќе, не се мешав, не беше мој ресор.

Ама, првата реченица превод – преведувачката во несвест, во бесознание!

Поврзани содржини