ЗА МАКЕДОНИЈА НАСКОРО 52 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ Продолжете со добрите реформи и очекувајте над 750 милиони евра, порача Фон дер Лајен

Вие сте на добар пат да станете дел од т.н. зона на слободно плаќање во ЕУ, што значи дека преносот на парите меѓу Северна Македонија и ЕУ ќе се движи побрзо, побезбедно и слободно, а тоа е добро и за граѓаните и за бизнисот, рече денеска претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

627

Проширувањето на ЕУ ќе оставе врвен приоритет на Европската Комисија и во наедните 5 години и сега ги имаме сите потребни алатки, за да го овозможиме тоа, рече денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со премиерот Христијан Мицкоски. Во контекст на алатките кои ги спомна, таа зборуваше за Планот за раст, за инвестицискиот план на ЕУ за земјите од Западен Балкан, како и за мисијата Фронтекс за заштита на границите од нелегална миграција.

– Прво би зборувала за Планот за раст, кој е нашиот заеднички патоказ, за да ги приближиме нашите економии кон Западен Балкан и постепено да ги интегритраме. Го знаете пристапот: ги отвараме нашите пазари во одредени сектори и за возврат вие ќе спроведете важни реформи, за да имаме изедначено поле за игра, а тоа ќе биде придружено со дополнителни инвестиции. Помина една година откако го почнавме Планот за раст и земјите од Западен Балкан ги испорача резултатите. Северна Македонија заврши добра работа, имаме одлични реформи и треба да почнеме со 52 милиони евра до крајот на годината – рече Фон дер Лајен.






Таа истакна дека Македонија треба да добие над 750 милиони евра според Планот за раст, кој се очекива да испорача добри резултати за луѓето и за бизносот.

– Вие сте на добар пат да станете дел од т.н. зона на слободно плаќање во ЕУ. Тоа значи дека преносот на парите меѓу Северна Македонија и ЕУ ќе се движи побрзо, побезбедно и слободно – рече таа.

Втората работа, додаде е нашиот инвестициски план за Западниот Балкан.

– Поминаа четири години како е воспоставен овој инвестициски план и добро се псроведува. За земјата планот мобилизираше 1,7 милијарда евра за инвестиции и ќе се фокусира кон чиста енергија. Ние во ЕУ се обврзавме да бидеме климатски неутрални до 2050 година и затоа е важно нашите партнери од Западниот Балкан да ни се приклучат на ова патување. Во Северна Македонија обновливите извори се една четвртина од производството на струја и сакаме да ги зголемиме. Осломеј и РЕК Битола треба да работат на соларна енергија – рече претседателката на Европската комисија.

Таа додаде дека унијата инвестира и во чист транспорт, лија цел е подобра поврзаност во Европа.

– Ова го вклучива и прокетот за Коридор 8, со кој се поврзувате со Бугарија и со Албанија, а го имаме и Коридорот 10, кој минува низ вашата земја. Овие инветсиции ќе ја претворат земјата во клучен транспортен центар и тоа ќе донесе придобивки – рече Фон дер Лајен.

Трета точка што ја истакна еврокомесарката е плодната соработка во граничната заштита. Рече дека Македонија е петта земја надвор од ЕУ во која има тим од полицајци од Фронтекс.

– Стотина граничари од ЕУ ги чуваат границите. Тоа е важно за нас затоа што еден ден границите на Северна Македонија ќе станат граници на ЕУ и треба да се подготвиме – рече таа.

Фон дер Лајен додаде и дека соработуваме при одговорите на катастроди и потсети дека ова лето Македонија беше многу погодена од шумски пожари, поради што два пати беше активирам механизмот за цивилна заштита, при што европските држави испратија шест авиони и три хеликоптери.

– Тоа значи да сте добар партер – рече еврокомесакраката Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателката на ЕК е на турнеја низ земјите од Западен Балкан, Денеска е во посета на Албанија, Македонија и на Босна и Херцеговина, а утре ќе оди во Србија, Косово и во Црна Гора.

Поврзани содржини