ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ИРАН БАРА ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА СЕ ПОВТОРАТ НАПАДИТЕ Се преземаат напори за деескалација на конфликтот

Кина, Русија, Франција, како и неколку „регионални држави“ презеле посреднички напори за деескалација на конфликтот со Иран.

293

Иранското Министерство за надворешни работи побара безбедносни гаранции во случај на евентуален прекин на огнот со САД и со Израел, јави ДПА.

– Ако треба да се воспостави прекин на огнот или да заврши војната, мора да постои гаранција дека агресивните дејства против Иран нема да се повторат – изјави заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади, цитиран од весникот „Шарг“.






Тој предупреди дека без такви гаранции прекинот на огнот би бил бесмислен.

– Исламската Република Иран не беше иницијатор на војната и агресијата – изјави Гарибабади.

Тој нагласи дека иранските ракетни напади биле извршени во согласност со член 51 од Повелбата на Обединетите нации, односно како „легитимна самоодбрана“.

Според него, во последните денови неколку земји презеле посреднички напори за деескалација на конфликтот. Меѓу нив се Кина, Русија, Франција, како и неколку „регионални држави“, додаде Гарибабади.

Поврзани содржини