ЗА КИНА ИЗБОРИТЕ СЕ ВНАТРЕШНА РАБОТА НА САД Го почитуваме изборот на американскиот народ
портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
Претседателските избори во САД се внатрешно прашање на оваа земја, а Кина го почитува изборот на американскиот народ, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
– Нашата политика кон САД е конзистентна. Ќе продолжиме да ги согледуваме кинеско-американските односи и да управуваме со нив врз основа на принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и заемно корисни акции – рече Мао.