ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОПШТИНИТЕ ОВАА ВЛАДА ИМА ИЗДВОЕНО ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА Мицкоски на отворање на училишен базен во Карпош

За базенот се вложени 76.000 евра (46.700.000 денари), длабок е од 0,80 до 1,20 метри, широк 9, а долг 25 метри.

0

Од Владата до општините за капитални инвестиции се вложени околу половина милијарда евра во овие две години, откако е избрана оваа Влада – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на училишен базен во скопската општина Карпош.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, за базенот се вложени 76.000 евра (46.700.000 денари), длабок е од 0,80 до 1,20 метри, широк 9, а долг 25 метри.






– Ова е уште еден од проектите кои се довршуваат и се пуштаат во употреба. Нормално дека човек не може да не биде задоволен кога ќе направите нешто добро, корисно за заедницата. Гледате дека веќе има и млади луѓе кои што го користат овој објект.

Посакувам уште многу вакви проекти да отпочнеме во периодот што следи, а оние кои што се отпочнати да ги дозавршиме, бидејќи сите оние ветувања кои што се давани треба и да се реализираат – рече премиерот Мицкоски.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи посветено да работи на реализација на проектите во соработка со општините.

– Продолжуваме да работиме, заедно со општините, во насока на завршување на проектите кои што преку две програми, во суштина и два повика од Министерството за локална самоуправа, беа објавени – некаде околу 350 милиони евра. Заедно со сите оние други проекти кои што министерствата ги финансираат преку други програми, вкупната директна инвестиција, од владата во општините за капитални инвестиции, е околу половина милјарада евра.

Отприлика, тоа е инвестициската активност којашто оваа влада, за овие нецели две години откако е избрана, ја реализира заедно, во соработка со општините. Така што, во таа насока ќе продолжиме и во периодот којшто следи – рече премиерот.

Поврзани содржини