📽 „ЗА ИЗРАЕЛ НЕМА МЕСТО НА НАШАТА ЗЕМЈА“ Хамас се закани дека ќе го повторува нападот од 7 октомври
Член на раководството на Хамса во интервју за либанска телевизија вели дека Израел мора да биде избришан од сите „палестински земји“ и дека Хамас ќе го повторува нападот се додека не го уништи.
Гази Хамад, член на политичкото биро на Хамас, во интервју за либанска телевизија изјави дека терористичката група ќе го повторува нападот од 7 октомври постојано додека Израел не биде уништен.
– Израел е држава за која нема место на нашата земја. Мораме да го отстраниме бидејќи тоа претставува безбедносна, воена и политичка катастрофа за арапската и исламската нација. Не се срамиме да го кажеме ова – изјави Хамад во интервју за ТВ мрежата ЛБЦ на 24 октомври, што денеска го објави МЕМРИ.
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли на Твитер сподели дел од интервјуто.
Hamas Official Ghazi Hamad: We Will Repeat the October 7 Attack Time and Again Until Israel Is Annihilated; We Are Victims – Everything We Do Is Justified #Hamas #Gaza #Palestinians pic.twitter.com/kXu3U0BtAP
— MEMRI (@MEMRIReports) November 1, 2023
Во интервјуто, Хамад вели дека Израел мора да биде избришан од сите „палестински земји“, т.е. мора да биде целосно уништен, тврдејќи дека неговото постоење е „нелогично“.
– Мораме да му одржиме лекција на Израел и тоа ќе го направиме двапати и три пати. Потопот Ал Акса (името што Хамас го даде на својот напад на 7 октомври) е само првиот пат. Дали ќе треба да платиме цена? Да, и ние сме подготвени да ја платиме. Ние се нарекуваме народ на маченици и горди сме што жртвуваме маченици – истакна Хамад
Функционерот на Хамас рече дека групата немала намера да им наштети на цивилите, но имало „компликации“ на теренот.
– Ние сме жртви на окупацијата. Точка. Затоа, никој не треба да не обвинува за работите што ги правиме. На 7 октомври, 10 октомври… сè што правиме е оправдано – рече Хамад.