ЗА ИНАЕТ НА ОРБАН Германецот пак ќе носи капитенска лента со боите на виножитото
УЕФА испита и не најде повреда на прописите.
Голманот на Германија, Мануел Нојер, ќе се појави на мечот на Европското првенство против Унгарија со капитенската лента во боите на виножитото, пренесува „Судејче цајтунг“.
Триесет и петгодишниот голман играше со оваа лента на натпреварите во групната фаза против Франција (0:1) и Португалија (4:2).
УЕФА испита и не најде повреда на прописите.
По две кола од групната фаза, репрезентацијата на Германија освои три бода и се наоѓа на второто место во групата Ф.