ЗА ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЧАШКА НИ ЧАШКА ВОДА Цела недела жедни, срамота!

„Ќе ги известиме и надлежните институции. Полицијата заслужува нормални услови за работа, ако не ја зголемувате платата, дајте ѝ барем вода за пиење!“, апелира Полицискиот синдикат.

294

Синдикат на полиција во Македонија ја извести јавноста дека веќе цела недела во полициската станица за граничен надзор Чашка полициските службеници се оставени на милост и немилост. без вода за пиење, снаоѓајќи се кој како знае и умее.

„Колеги пуштени на преживување без вода! Освен ако си наполнат од изворче или ако си купат. За кафе, де, не мора да има за хигиена. Скраја да е да имаат потреба од миење раце. Или чаши, садови, прибор. Не дај боже, пак, цистерна да им се обезбеди, галиба вселенска технологија е тоа за нас. Па така, ќе си купуваат диспанзери за вода. Од немајкаде, од сопствен џеб. Е, ама и тоа има рок. И тоа се расипува. И што тогаш?“, пишува на ФБ страницата на Полицискиот синдикат.






Сидникалцита упатуваат апел до надлежните командирот на таа станица, началникот на РЦ за ГР Север и Директорот на Бирото за јавна безбедност, веднаш да овозможат услови за живот во полициската станица.

„Ќе ги известиме и надлежните институции. Полицијата заслужува нормални услови за работа, ако не ја зголемувате платата, дајте ѝ барем вода за пиење!“, апелира Синдикатот.

Поврзани содржини