За Гинис: Велешко Бузалково гради прв водовод во својата историја

Проектот предвидува изградба на водоводна мрежа и две препумпни станици и поврзување на селата Раштани и Бузалково на постоечкиот водоснабдителен систем на градот Велес.

1,301

Конечно го решаваме деценискиот проблем со водоснабдувањето со кој се соочуваа преку 1500 жители на населените места Раштани и Бузалково, за што инвестираме половина милион евра, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој заедно со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, беше на увид на градежните работи.

Проектот предвидува изградба на водоводна мрежа и две препумпни станици и поврзување на селата Раштани и Бузалково на постоечкиот водоснабдителен систем на градот Велес. Градежните работи се во тек и се очекува проектот да биде завршен и пред предвидениот рок.






Бузалково никогаш досега немало вододовод, додека водоснабдувањето во Раштани било делумно решено, но квалитетот на водата не бил на посакувано ниво.

–  Со поврзувањето на селата Бузалково и Раштани на градскиот водоснабдителен систем засекогаш го решаваме вековниот проблем со кој се соочуваа жителите на овие населени места и обезбедувајќи чиста и квалитетна вода за пиење, значително ги подобруваме условите за живот во општината – изјави градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски.

Сугарески информира дека покрај изградбата на водоводниот систем во Раштани и Бузалково се работи и  на реконструкција на водоводи и канализации на 12 улици во град Велес, како и санација и реконструкција на локални патишта.

– Преку Министерството за транспорт и врски обезбедивме 1,2 милиони евра за санација и реконструкција на локални патишта и улици во општина Велес – рече Сугарески.

Поврзани содржини