ЗА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЗАПАДОТ КАКОВ ШТО ГО ЗНАЕМЕ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ Првата жена на ЕУ не се плаши од укинување на „чадорот на САД“
Во интервју за „Цајт“, таа ја повтори поддршката за европската регулација на американските дигитални услуги и покрај заканите за укинување на американскиот нуклеарен чадор.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека „Западот каков што го знаевме повеќе не постои“, мислејќи на промените што се случија како резултат на претседателствувањето на Доналд Трамп со Соединетите Американски Држави.
Во интервју за „Цајт“, таа ја повтори поддршката за европската регулација на американските дигитални услуги и покрај заканите за укинување на американскиот нуклеарен чадор. Првата жена на ЕУ нагласи дека во Европа „олигарсите“ не одлучуваат за правилата.
Таа сепак ги пофали односите САД-ЕУ, а истовремено ги повика земјите да произведуваат и купуваат повеќе во Европа, особено кога станува збор за клучните одбранбени резерви.