ЗА ФИЛИПЧЕ ЛУКСУЗНО ЏИПЧЕ, ЗА ЗАЕВ 9 МИЛИОНИ ЕВРА Случајот со „Зобек мининг“ е чиста корупција, до кога ќе молчи Обвинителството?
Кој е мотивот некоја фирма добитник на тендер за испорака на јаглен да му купи луксузен џип на Венко Филипче, тогаш носител на листа за пратеници во изборната единица 4? Јавното обвинителство мора да отвори постапка, побара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата Бране Петрушевски бара Јавното обвинителство да истражи како претседателот на СДСМ, Венко Филипче добил подарок луксузно ауди од фирма што добивала тендери од држаата.
– Филипче добил подарок ауди Q8 од фирма тендераш, до кога Јавното обвинителство ќе молчи? Има ли некој во СДСМ став или ставот е да се молчи, па ќе помине – праша Петрушевки.
Луксузното ауди од 130.000 евра го добил од фирмата „Зобек мининг“, тендераш и испорачувач на јаглен на ЕСМ, додаде Петрушевски.
– Кој е мотивот некоја фирма добитник на тендер за испорака на јаглен да му купи луксузен џип на Венко Филипче, тогаш носител на листа за пратеници во изборната единица 4? Дали само ЈО не гледа ништо спорно? Доволно е ЈО да почне со истражување на мотивот зошто Венко Филипче го честеле луксузен џип? Дополнително, сè се заплеткува, затоа што 9 милиони евра од истата фирма која го купила џипот на Филипче завршиле на сметката на фирмата на Зоран Заев во Петрич, која дели канцеларија со фирмата на Филипче – рече Петрушевски.
Како е можно, прашува тој, Обвинителството да молчи за луксузниот џип на Филипче и за 9 милиони евра префрлени во Бугарија на сметка на Заеви?
– Венко Филипче не може да избегне да одговори на овие прашања. Народот очекува да ја слушне вистината, а ЈО мора да отвори постапка. Обвинителството ќе си го поткопа сериозно кредибилитет, ако не отвори постапка за Венко Филипче за случај кој е скица за корупција – рече Петрушевски.