За едно деноноќие 101 лице во изолација, 40 во самоизолација

539

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 40 лица потпишале  изјава за самоизолација. Oд страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом, соопшти МВР.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 89 лица не ја почитувале забраната за движење,  од нив осум се малолетници, приведени се 38 лица, а за останатите лица се изготвени записници.

 

Поврзани содржини