ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОЧИНАЛЕ 26 КОВИД-ИМУНИЗИРАНИ ЛИЦА Еве какви болести имале и какви вакцини примиле
Од МЗ додаваат дека за комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.
Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години. Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на „Фајзер“. Тројца со вакцина „АстраЗенека“, четири починати пациенти со ковид-19, примиле вакцина „Синовак“, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“, се вели во неделниот извештај на Министерството за здравство.
Од МЗ информираат дека ќе соподелуваат информации за починатите лица со ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани.
Оттаму додаваат дека за комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.
Во период од 08.10-14.10. годинава починале 105 пациенти со ковид-19, од нив над 75 % биле невакцинирани.
Од вкупно починатите пациенти во истиот период, само 26 пациенти починати со ковид-19, биле вакцинирани.
Министерството за здравство информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26 те пациенти, кои починале со ковид-19.
На 8 октомври пријавени за починати 16 пациенти со ковид-19, 5 од починатите биле вакцинирани: 84 год. кардиолошко заболување, 62 год. кардиолошко заболување, 78 год. кардиолошко заболување, 63 год. кардиолошко заболување и дијабет и 73 год. кардиолошко заболување и дијабет.
На 9 октомври пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.
На 10 октомври 14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани. 64 год. кардиолошко и малигно заболување 59 год. со кардиолошко заболување 68 год. кардиолошко заболување и дијабет.
На 11 октомври 18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани: 72 год. кардиолошка и белодробна болест 69 год кардиолошка болест 81 год кардиолошка болест и дијабет 76 год кардиолошка болест 64 год белодробно заболување 56 год кардиолошко заболување.
На 12 октомври 6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување.
На 13 октомври 20 пријавени за починати, 8 вакцинирани: 61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам 80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување 77 год. кардиолошко и белодробно заболување 78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 71 год. кардиолошко заболување 14 октомври.
На 13 октомври пријавени за починати се 4 вакцинирани: 75 год. крдиолошко заболување 74 год. кардиолошко заболување и дијабет 64 год. кардиолошко заболување и дијабет 77 год. невромускуларно заболување.
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509 се ревакцинирани, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.