ЗА ЕДНА ГОДИНА ТРОШОЦИТЕ ВО ЗЕМЈОДЛЕСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ПОРАСНАЛЕ ЗА 3,3% Но цените на крајниот производ се намалиле за1,6%
Најголем раст кај трошоците имаат цените на ветеринарните услуги кои за една година пораснале за 32,6%, добиточната храна поскапела за 7,8%, а средствата за заштита на растенијата поскапеле за 4,3%.
Цените во земјоделството за една година се намалиле за 1,6% но нивните трошоците се зголемиле за 3,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика,
Според нив, во делот на трошоците – инпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, има зголемување на цените на тековно потрошени средства во земјоделството за 3% и зголемување на цените кај средства наменети за инвестиции во земјоделството за 6,7 %.
Најголем раст кај трошоците имаат цените на ветеринарните услуги кои за една година пораснале за 32,6%, добиточната храна поскапела за 7,8%, а средствата за заштита на растенијата поскапеле за 4,3%.
На земјоделците им поскапела и машините и опремата за 9,8%, како и транспортната опрема за 5,8% како и одржувањето на објектите за 8,9%.
Но и покрај зголемените трошоци во изминатата година, сметајќи од септември земјоделците ги намалите цените на своите крајни производи и тоа за 3,9% кај растителното производство и за 5,5% кај добиточното производство.
Цените на зеленчукот во септември споредено со септември 2024 година се намалени за 18,9%.
Највисок раст на цените, пак ,е постигнат кај добитокот за колење од 13,9% и кај цените на индустриските растенија од 12,6%