ЗА ЕДНА ГОДИНА ИСПИЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 300 000 КАФИЊА ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ Трговскиот центар го слави првиот роденден
Минатата година во Ист Гејт мол биле испиени повеќе од 300.000 кафиња, биле приготвени над половина милион оброци во рестораните, и имало над 1 милион паркирани автомобили. Во трговскиот центар се наоѓаат 220 локали со 99% исполнетост и 40 киосци кои континуирано се во пораст.
Трговскиот центар Ист гејт мол прослави една година постоење. Во првата година се регистрирани голем број домашни и странски посетители, а трговскиот центар се рангираше како најатрактивна урбана дестинација за забава, дружење и за шопинг со уникатен микс на содржини и на брендови, поради што ги надмина и очекуваните предвидувања.
За време на викендите Ист Гејт мол бележи висока посетеност од туристи од Косово и од Јужна Србија.
За овие 365 дена, од официјалното отворање, трговскиот центар работи со полна динамика и реализира голем број кампањи и настани, од кои повеќето се очекува да станат нови традиции. Меѓу најуникатните настани изминатава година се вбројуваат трката Колорран, организирана во соработка со атлетското друштво Korrunners во која учествуваа над 2000 лица, потоа Денови на италијанскиот дизајн во соработка со Италијанската амбасада во Скопје. За прв пат во земјава се организираше изложба на електромобили со повеќе од 13 дистрибутери на електрични и хибридни возила, а во август се отвори долгоочекуваната и единствена продавница на H&M.
Игор Давков, извршен директор на Ист гејт мол
– Уникатниот микс на содржини, брендови, активности, кои се единствени во државата, како и естетиката и комфорот, се она што го прави Ист Гејт мол водечки центар што дополнително ги поттикнува посетителите да го посетат – вели извршниот директор на Скопје Ист Гејт мол, Игор Давков.
Минатата година во Ист Гејт мол биле испиени повеќе од 300.000 кафиња, биле приготвени над половина милион оброци во рестораните, и имало над 1 милион паркирани автомобили. Во трговскиот центар се наоѓаат 220 локали со 99% исполнетост и 40 киосци кои континуирано се во пораст. За сѐ ова се грижат над 2500 вработени лица кај закупците, а за хигиената, обезбедувањето и функционалноста на трговскиот центар се грижат над 1200 лица во три смени.
Овие бројки го заокружуваат она што е цел во следните години или 1001 причина да се посети Ист Гејт мол како „Оne stop mall“ каде што со една посета може да се извршат сите финансиски обврски како што се плаќање сметки, поштенски услуги, но и одличен шопинг, широк избор на храна за сечиј вкус, богат избор на козметика, забава за сите возрасти, како и иновативен и уникатен фитнес центар.
– До крајот на оваа година, кампањите и настаните продолжуваат, а започнуваат со славењето на нашиот прв роденден овој викенд 5-6 ноември со многу подароци и попусти, потоа следуваат Денови на италијанската кујна од 10 до 14 ноември, Новогодишен и Божиќен базар и многу други активности. Голем дел од посетителите доаѓаат со целото семејство при што најмалите уживаат во нашиот популарен електричен воз и во игротеката, додека повозрасните имаат уникатно шопинг искуство, како и место за забава и дружба. Ист Гејт мол им се заблагодарува на сите вработени, на сите закупци во трговскиот центар, на сите соработници, партнери, пријатели и медиуми со кои за оваа една година направивме многу, а планираме да реализираме уште многу проекти и настани заедно – додаде Давков.