ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ 12 МИЛИОНИ ЕВРА! Државна лотарија истура пари за апарати за коцкање, тврди ВМРО-ДПМНЕ
Ова е резултат на молкот на институциите, ова е резултат на наведнатата глава на СДСМ, ова е резултат на разузданоста, неодговорноста, замислената недопирливост на Артан Груби и на ДУИ - рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Државната лотарија, водена од Перпарим Бајрами, пулен на Артан Груби, само во јануари дала неверојатни 12 милиони евра за терминали за приредување игри на среќа, 12 милиони евра за апарати за коцкање – рече на прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Поранешниот шеф на кабинет на Груби, сега директор на Државна лотарија, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари – 11.200.000 евра, на 18 јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18 јануари! Во само две недели лотарија на пријателот на Груби дал 12 милиони евра за апарати за коцкање.
Ова е резултат на молкот на институциите, ова е резултат на наведнатата глава на СДСМ, ова е резултат на разузданоста, неодговорноста, замислената недопирливост на Артан Груби и на ДУИ. Половина година предупредуваме на огромни скандали поврзани со Државна лотарија, со Перпарим Бајрами, со Управниот одбор на Лотарија и вмешаност на Артан Груби и на ДУИ во тоа.
СДСМ и ДУИ, кратат плати под минималец во ФЗОМ, не даваат стипендии на студентите, немаат пари за земјоделците, ги качија сметките за струја, ама затоа за две недели во јануари имаат 12 милиони евра за апарати за коцкање, за Перпарим Бајрами и Артан Груби да се среќни!
12 милиони евра во јануари за апарати за коцкање, се резултат на молкот на институциите и на СДСМ пред фактите кога уште во октомври посочувавме на насилство озаконето со потпис на Груби, за отворање нови коцкарници – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски додаде дека сите овие договори, вклучително и законите на ДУИ за коцкање, мора да минат низ процес на ревизија, а одговорност за вакво расипништво мора да има.