За еден ден 63 нови случаи на ковид-19 и 6 починати

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199.

711
Вкупно 63 нови случаи на ковид-19 од 677 тестирања и шест починати пациенти регистрира Министерството за здравство во изминатите 24 часа.





Од новите случаи најмногу се во: Скопје 37, Куманово 4, Тетово 1, Гостивар  1, Штип 2, Битола 1, Велес 1, Охрид 2, Кавадарци 5, Струга 1, Свети Николе 1, Крива Паланка 1, Берово 2, Делчево 1, Пробиштип 1, Кратово 1, Пехчево 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од: Скопје 350, Куманово 19, Тетово 10, Прилеп 36, Гостивар 9, Штип 8, Битола 7, Велес 17, Струмица 15, Кавадарци 28, Кочани 9, Кичево 1, Свети Николе 4, Гевгелија 6, Неготино 12, Дебар 8, Ресен 5, Крива Паланка 1, Радовиш 6, Пробиштип 3, Валандово 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Богданци 2, Кратово 1, Крушево 9, Демир Капија1.
Починати се 6 лица, два пациенти од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден пациент од Струга (83г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39462, активни 5145
• Куманово 5113, активни 377
• Тетово 5032, активни 373
• Прилеп 4522, активни 212
• Гостивар 3577, активни 220
• Штип 3476, активни 143
• Битола 3188, активни 159
• Велес 3011, активни 241
• Охрид 2723, активни 351
• Струмица 2506, активни 287
• Кавадарци 2472, активни 313
• Струга 2175, активни 141
• Кочани 1714, активни 87
• Кичево 1694, активни 129
• Свети Николе 1067, активни 35
• Гевгелија 970, активни 95
• Неготино 953, активни 109
• Дебар 741, активни 108
• Ресен 727, активни 104
• Крива Паланка 713, активни 56
• Радовиш 685, активни 40
• Берово 577, активни 49
• Делчево 559, активни 164
• Пробиштип 500, активни 40
• Виница 482, активни 32
• Валандово 325, активни 12
• Демир Хисар 242, активни 8
• Македонски Брод 240, активни 10
• Богданци 222, активни 30
• Кратово 215, активни 17
• Крушево 200, активни 29
• Македонска Каменица 190, активни 36
• Демир Капија 182, активни 28
• Пехчево 180, активни 13
• Дојран 82, активни 6
Досега во земјата се направени вкупно 443.277 тестирања на ковид -19.
Поврзани содржини