За двојните стандарди
Војната, другари, е срање. Ама, за жал историјата на човештвото е историја на војни. Во изминатите 5.000 години, само 400 години луѓето не било во некаква масовна војна.
Ова што сега го прави Русија во Украина не е многу различно од она што го правеа и го прават САД во Авганистан, Ирак, Либија, Сирија и во Србија, а има огромна желба да го направат и во Иран и во Северна Кореја. Што е всушност тоа? Агресија на туѓа држава, уништување на нејзината инфраструктура, нејзината војска, објекти и секако цивилите како колатерал демиџ. Потоа следува фаза два, или општа пљачка на ресурсите на таа држава како што се златото и нафтата (Ирак и Либија), производство на хероин (Авганистан), трговија со тој хероин и со оружје (Косово) и слично.
Во меѓувреме, се поставува вазалска власт во уништената држава, која ѝ слугува на државата окупатор и одработува за неа, креирајќи ѝ дополнителни приходи. Секако, во таа кражба помагаат и пријателите од ЕУ. И тоа е тоа, многу е просто во суштина. Е, ама не е баш просто. Кога тоа уништување и пљачка го прават САД и пријателите, тоа е демократизација на недемократските системи (пола свет се недемократски системи, ама САД и пријателите ги демократизираат само тие со нафта), а тоа што го прави Русија е варварски чин и воено злосторство.
А во суштина е идентично срање. И во едниот и во другиот случај се толчи земјата домаќин од страна на непоканетиот гостин и ѝ се крадат ресурсите. Класични крсташки војни, само модерни. И ова на секој нормален и рационален лик во светот му е јасно и не навива за окупатори, принципиелно. Освен, секако, ако не живее од грантови овозможени од страна на некој од окупаторите. Тогаш на цел глас крека дека ривалскиот окупатор е злосторник, а неговиот мецена е доброќуден убиец кој има благородна цел – да демократизира и луѓето да ги ослободува од нивните животи и имоти. Шијо ми га Џуро.
Војната, другари, е срање. Ама, за жал историјата на човештвото е историја на војни. Во изминатите 5.000 години, само 400 години луѓето не било во некаква масовна војна. Таков ни е наравот, воинствен. Сакаме меѓусебно да се пљачкаме и да се истребуваме како бубашваби.
Кој има фајде од тоа? Врхушката од едниот и од другиот табор. Сите останати сме колатерала. Мали безначајни човечиња кои се обична бројка која по потреба лесно се трансформира во топовско месо.
(Фејсбук статус на авторот)