ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ ГИ РЕШИМЕ ПАРКИНГОТ И КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ Лукровски ветува дека ќе стави акцент на сите проблеми кои ги мачат карпошани
Кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека би бил задоволен доколку успее овие прашања да ги затвори во ветениот период.
Недоволно паркинг простор, запуштените паркови, кучињата скитници се само дел од проблемите кои ги посочиле граѓаните на општина Карпош, а кои сакаат да бидат средени во следниот период, изјави Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош.
Тој вели дека во првите две години би се фокусирал да најде решение за нив.
– Откога ќе ја согледаме состојбата финансиската кондиција на општината ќе знаеме какви проекти ќе можеме да понудиме. Ако во првите две години се посветиме на паркингот, на ревитализација на парковите, на проблемот со бездомните животните, загадувањето. Тоа се пар работи кои вака многу нормални меѓутоа и те како имаме да работиме на нив – рече Лукровски.
Тој вели дека би бил задоволен доколку успее овие прашања да ги затвори во првите две години од мандатот.
-Направивме и една анкета на 600 испитаници од нашата општина и ни се потврди она што го очекувавме. Паркингот е најголем проблем, им смета на луѓето, запуштените паркови, кучињата скитници прават проблем. Имаме од една страна луѓе кои се повеќе одгледуваат миленичиња меѓутоа ова што е неконтролирано им смета. Безбедноста беше исто нагласена, како безбедноста околу училишните објекти така и безбедноста на домовите. Тоа се некои проблеми кои се од комунален карактер. И она што им смета е непланското градење – рече Лукровски.