ЗА ДВА МЕСЕЦА СЕ ИЗВЕЗЕНИ 13.000 ТОНИ ЈАБОЛКА, СЕКОЈА НИВА СЕ НАВОДНУВА Трипуновски оцени дека е вратена довербата на земјоделците кон институциите
Министерот за земјоделство во отчетот потсети дека се исплатени над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции на над 70 000 земоделците на кои, посочи, им покажуваме дека имаат партнер во Владата и ќе можат да се подготват и да го планираат своето производство.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оцени дека преку конкретни мерки за една година Владата успеала да го врати достоинството на земјоделците и да го вредува нивниот труд онака како што заслужуваат.
– За една година Влада реализиравме голем број проекти, решивме крупни проблеми, воспоставувме систем за соработка, изградивме партнерски однос со земјоделците и им ја вративме довербата кон институците – рече Трипуновски на прес-конференција по повод една година Влада.
Наследиле, како што рече, хаотична состојба со неисплатени субвенции и плати, закочени проекти, катастрофални откупни цени, разочарани земјоделци, комплицирани процедури и бирокартија, целосно запуштени и руинирани водни канали.
Трипуновски наброја дека се исплатени над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции на над 70 000 земоделците на кои, посочи, им покажуваме дека имаат партнер во Владата и ќе можат да се подготват и да го планираат своето производство.
Тој потсети дека се донесени интервентни мерки за помош на земјоделците, дополнителни субвенции од 5 денари по килограм за производителите на слива, дополнителни 3 денари за предадена килограм пченица од кинатата реколта, за оризопроизводителоте дополнителни 6 денари од ланската реколта, зголемување за 100% на субвенциите за производителите на јачмен од постоечките 6.000 на 12.000 денари субвенција по хектар.
Усвоена е и Програмата за дополнување на средорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковите резерви, што посочи дека е од исклучителна важност за полнењето на стокови резерви од домашното производство, пред се со оризовата арпа и пченицата.
Потенцирапе дека кај тутунот е постигната зголеман откупна цена од 375 на 400 денари, а на субвенцијата од 80 на 100 денари, со што се постигнала највисока цена во историјата на тутунопроизводството.
Се зголемиле, тврди Трипуновски, и површините со тутун. Ако во 2024 година имало 12.959 хектари сега има 14.375 засеани хектари со тутун, а како што рече радува фактот дека после многу години има зголемување на површините со јачмен и пченица.
– Прват во историјата е утврдена производна цена со што се постигна највисоки откупни цени за двете вински сорти на гризје од реколатата 2024 година Вранецот изнесуваше 20,8 денари за килограм,а смедеревката 18,3 денари. Во завршна фаза е и утврдувањето на производната цената за 2025 годинаи вреувам дека лозарите ќе бидат уште позадоволни годинава – рече Трупуновски.
Повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика наведе дека има раст и кај откупот и продажбата, како и извозот на земјоделските производи. Извезени се околу 13.000 тони јаболка во првите два месеца годинава, за 82% повеќе од истиот период лани, а според Трипуновски имало одлична цена и за пласманот на пролетната зелка, од која за годинепната реколта се очекуваат 40.000 тони род.
Според министерот Трипуновски, земјоделското земјиште сега се дава на земјоделци кои навистина сакаат да го обработуваат и да егзистираат од него и склучени се над 2.100 договори за површина од 5.942 хектари на територијата на државата.
Потстети дека со ребалансот на Буџетот на почетокот на мандатот беа обезбедени дополнителни 250 милиони денари за плати во националното претпријатие „Македонски шуми“, како и 100 милони денари за плат во АД „Водостопанство“.
Обезбедени се и дополнителни 132 милиони денари за обнова на инфраструктурата за наводнување и одводнување, а воспостване е и проектна единица „Наводнување на Македонија“, која рече дека претходно била целосно нефункционална и неекипирана, а денес, истакна имаме вода во секоја нива во државата.
Трипуновски во отчетот потсети и дека е распишан јавен повик за помош на млади земјоделци за започнување земјоделска дејност со доделување 10.000 евра по корисник, како и четири повици за модернизација на земјоделските стопанства со поддрка од 600.000 денари по корисник.
Склучени се 68 договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата, а прифатено е и барањето на Независниот синдикат за признавање на бенифицираниот стаж на припадниците на Шумската полиција.
– Многу скоро новата пресметка ќе биде во сила. Етапно ги решаваме нивните барања за подобрување на условите за работа и доекипирање- рече Трипуновски.
Во делот на регулативата наброја дека донесени се измени на повеќе закони, за шумите, земјоделско земјиште, за дивеч и ловство, за фитофармација, како и анализа на Национаната стратегија за земјоделство и рурален развој и ево подготивка ревизија.
Изработен е нов Предлог закон за земјоделство и рурален развој, со кој вели дека со земјодлеците, земјоделските задруги и наулната фела ќе изградат цврст темел за развој на земјоделството.
– Нашата заложба е да креираме мерки и политики кои ќе го придвижат земјоделството во вистинска насока. Да станеме земја која ќе го зголеми производството на храна, ќе го зголеми извозот на земјоделски производи, но и ќе ја храниме нашата популација со квалитетни производи- рече министерот за земјоделство.
Неоснованите и бледи критики и обвинувања од опозицијата, наведе Трупуновски, не не спречија да го оствариме она што го ветивме на земјоделците и продолжуваме да работиме чесно и одоговорно за силен и одржлив земјоделски сектор.
Министерот Трипуновски, меѓу останатото, наброја и дека е обезбедна поддршка од 61,5 милиони денари за научно образовните институции, како и 60,6 милиони денари за локални манифестации и саеми за минатата година, како и 10,9 милиони денари за годинава.