ЗА ДВА ЧАСА ДВАПАТИ СЕ СТРЕСЕ ВРАЊЕ Земјотреси ја погодија Србија
Првиот земјотрес од 2,3 степени бил регистриран синоќа околу 1 часот и 50 минут на длабочина од 13 километри, а по само два часа бил регистриран потрес од 1,9 степени по Рихтеровата скала.
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа го погоди Врање.
Според информациите од српскиот Републички сеизмолошки завод, земјотресот е регистриран околу 1 часот и 50 минути, на длабочина од 13 километри.
По само два часа, во овој град се случи уште еден малку послаб земјотрес, поточно неговата јачина беше 1,9 степени според Рихтеровата скала, пишува српски „Блиц“.
Земјотресите со наведената јачина не можат да предизвикаат некоја посериозна материјална штета.