ЗА ДИМИТРИЕВСКИ ВО КУМАНОВО, ЗА ЛАБУДОВИЌ ВО ЦЕНТАР, ЗА ЃОРЃИЕВСКИ ВО СКОПЈЕ Движењето ЗНАМ повика во недела масовно да се гласа

Ве повикувам сите граѓани, без разлика на политичката, етничката или верската припадност: да излеземе заедно и да гласаме за визија, за работа и за систем, повика генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев.

231

Со повик за масовна излезеност на вториот круг од локалните избори што ќе се одржи задутре Движењето ЗНАМ – за наша Македонија ја заокружи својата изборна кампања што завршува вечерва на полноќ.

– Во недела, на 2 ноември,Ве повикувам сите членови, симпатизери и поддржувачи на Движењето ЗНАМ: излезете масовно и покажете ја вашата енергија, довербата и вербата во нашата визија. Да гласаме за број 2, за Максим Димитриевски во Куманово, број 2 за Мирослав Лабудовиќ во Центар и за број 9 за Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје и за сите кандидати на нашите владини партнери каде што нашата заедничка поддршка носи промена. Ве повикувам сите граѓани, без разлика на политичката, етничката или верската припадност: да излеземе заедно и да гласаме за визија, за работа и за систем.
Да гласаме за иднина во која младите остануваат, семејствата живеат достоинствено, а државата функционира како дом за сите – повика генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев.






Тој искажа задоволство од резултатите што Движењето ЗНАМ ги постигна во првиот круг а кои, вели, дефинитивно ја потврдија стабилизацијата на гласачкото тели и станаа вистински показател дека политиките што ги водат се во вистинска насока. Се заблагодари и на коалициските партнери во власта – ВМРО-ДПМНЕ И Вреди.

– Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика, која наидува на сè поголема поддршка низ целата држава. Посебна благодарност упатувам и до пријателите од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја препознаа нашата искреност и визија, и застанаа рамо до рамо со нас. Ви благодарам за политичката зрелост и за поддршката во оваа заедничка борба за достоинствена, силна и обединета држава. Исто така, искрена благодарност до коалицијата Вреди, за поддршката и вербата дека само преку заедништво можеме да градиме држава во која има место за сите – рече генералниот секретар на ЗНАМ.

Но, потенцираше Горан Минчев, највредното од оваа кампања се средбите очи в очи со граѓаните.

– Отворените врати, искрените насмевки и топлото добредојде што нè пречека и што секојдневно го чувствувавме беше нашата најголема мотивација да истраеме и да покажеме што значи да се работи за народот и за државата – порача Минчев.

Тој упати посебна благодарност до активистите на Движењето ЗНАМ за несебичната пожртвуванос, поддршка и доверба во текот на сите 5 недели од кампањата.

Поврзани содржини