За децата со аутизам вашите петарди се нарушено парче мир

Тантрумите (нападите на бес), заедно со стереотипите, се најлошото во оваа состојба во која се наоѓа малиот Лука Николовски Ристановски, но и многу други деца кои страдаат од аутистичен спектар на нарушување. Во случајот на Лука тантрумите се јавуваат како последица од одредени звучни фреквенции: сирени, аларми, лаење на куче, кукурикање на петел, дожд, детски говор, плач и во последно време, петардите, кои знаат да го поместат и така несигурното тло.

683

Деветгодишниот Лука Николовски Ристановски кој со своето семејството, мајка му Ирена, татко му Лазе и петгодишната сестричка Јована живее во Битола, е роден со целосно нефункционален лев бубрег, а поради тоа што десниот бил сместен во голема циста и поради дополнително стеснетите уринарни  канали, бил опериран уште како бебе. На 2 ипол годишна возраст му бил дијагностициран и аутизам.

Поради неговата состојба и вообичаените проблеми што се појавуваат  како последица од аутизмот, тие веќе неколку години мака мачат со своите соседи на кои им пречи тоа што, наводно, Лука е премногу гласен, скока, вика и тропа, па постојано доаѓаат, им тропаат на  вратата од нивниот стан со закани дека ќе ги убијат, па дополнително прават пекол од и онака тешкиот живот на ова семејство.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини