МИЦКОСКИ ОЦЕНИ ДЕКА НА СРЕДБАТА СЕ НУДЕЛЕ РЕШЕНИЈА И НЕ СЕ ГЕНЕРИРАЛЕ КОНФЛИКТИ За да профункционира Сејф сити потребно е само двотретинско мнозинство

Мицкоски рече дека предложил да не се прави укинувањето на техничката влада насила без согласност од СДСМ, туку да се донесат измени со кои нема да се опфатат следните избори, туку некои следни кои ќе следат потоа.

24

Мицкоски ја оцени лидерската средба како плодна дискусија и дебата која во одредена мерка била полна со предлози и идеи, а за голем дел од прашањата што се отвориле присутните имале исто мислење.

– За мене е важно што сите чинители оценија дека средбата била конструктивна. За мене како организатор тоа претставува задоволство затоа што македонската јавност можеше да види едно зрело, конструктивно однесување на политичарите. Предложив вакви средби да се случуваат почесто. Предложив и беше прифатено дебатата по неколку прашања да продолжи во рамките на Собранието на ниво на координатори на пратенички групи. Убеден сум дека за сите отворени прашања за кои е потребна итност во деновите кои следат ќе се најде решение и ќе бидат надминати. За мене акутно е и за кое треба во најскоро време да се најде решение, а мислам дека денеска и успеавме да најдеме своевиден компромис, е Законот за прекршоци за да може Сејф сити да почне да функционира од 1 февруари. За овој закон е потребно двотретинско монзинство, не е потребно Бадентерово мнозинство – рече Мицкоски.






Сите присутни се согласиле дека техничката влада треба да замине во минатото. Мицкоски смета дека треба да се покаже и пред меѓународната заедница дека сами можеме да донесеме зрели одлуки.

– Денеска видовте дека една коалиција отсуствуваше. Мојот предлог беше да не го правиме укинувањето на техничката влада насила без нивна согласност, туку да донесеме измени со кои нема да се опфатат следните избори, туку некои следни кои ќе следат потоа. Некои измени треба да се направат затоа што сега има поделби на ресори како што се, на пример, во Министерството за администрација и Министерството за труд и за економија. Треба да се допрецизира каде овие заминик министри ќе бидат номинирани. Сме подготвени ако веќе нема согласност кај сите да се избрише техничката влада, барем тоа да се направи за изборите потоа – рече Мицкоски.

Тој додаде дека ќе се бараат креативни решенија за избор на народен правобранител. Се разговарало и за начинот на гласање на дијаспората.

– Ја ценам оваа средба како еден нов начин и нов пристап на решавање на проблеми, а не генерирање на проблеми. Мораме да зрееме во процесот и навистина сум задоволен што после 35 години имавме лидерска средба во која се нудеа решенија, а не се генерираа конфликти – заклучи Мицкоски.

Поврзани содржини