ЗА ДА ПОСТОИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МУ ТРЕБА ВАША ДОЗВОЛА Словенечка европратеничка на македонски им се обрати на бугарските европратеници

Јовева има македонско потекло и ѝ припаѓа на партијата „Движење за слобода“, која е дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, која претходно најави дека нема да гласа за бришење на македонскиот јазик и идентитет.

2,726

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц, синоќа беше разгледан на пленарната седница на Европскиот парламент. Во дебатата учествуваа голем број европратеници, вклучително и самиот Вајц, како и неколку бугарски претставници.

Посебно внимание предизвика дискусијата на словенечката европратеничка Ирена Јовева која зборуваше на македонски јазик. Таа им се обрати на  бугарските европратеници со зборовите:






-За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на Вас за да го признаете тоа Ви треба чесност, инегритет, храброст, знам – рече меѓудругото Јовева.

Дискусијата се одвиваше во пресрет на денешното гласање за извештајот, кога ќе се  дискутира и за амандманите, меѓу кои е и оној предложен од трите најголеми политички групации во Европскиот парламент. Амандманот, според најавите, предвидува целосно бришење на спомнувањето на македонскиот јазик и идентитет во текстот на извештајот.

Јовева има македонско потекло и ѝ припаѓа на партијата „Движење за слобода“, која е дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, која претходно најави дека нема да гласа за бришење на македонскиот јазик и идентитет.

Поврзани содржини