ЗА ДА ПОЕВТИНАТ УСЛУГИТЕ Николовски најави можност за трет мобилен оператор

287

Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

„Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор“, објави Николоски на својот Фејсбук профил.






Николовски, најави дека во следниот период ќе мотивираат големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар.

Поврзани содржини