ЗА ДА НЕМА ХАОС ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ПРЕПОРАКИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА Утре дел од булеварот АСНОМ ќе биде затворен за сообраќај
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Утре поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција”, утре во периодот од 08.00 до 18.00 часот затворен за сообраќај ќе биде булеварот АСНОМ на потегот од крстосницата со булевар Србија до крстосница со булевар Февруарски поход, соопшти МВР.
Како што е соопштено, единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.