ЗА ДА НЕМА ГУЖВИ И НЕРВОЗИ Утре се отвораат 4 нови пункта за вакцинација во Скопје
Од утре ќе почне вакцинација и во поликлиниките Бит-Пазар, Драчево, Ченто и во Ѓорче Петров. Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит-Пазар, а во прва смена Шуто Оризари, Драчево и Ченто.
„Вакцините штитат од тежок тек на болеста и од смртен исход од вирусот. Само со масовно вакцинирање на населението може да ги спречиме натамошните мутации на овој вирус и затоа, повикуваме на вклучување кон процесот на имунизација на сите граѓани“, се додава во соопштението од Министерството за здравство.