За да краде, уништил противпожарен систем во катна гаража во Центар

254

СВР Скопје – Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лиши од слобода скопјанецот Г.Љ. (47) и расчисти кривично дело „тешка кражба“, извршена во периодот од 7 до 17 јули годинава, информираат од МВР.

„Осомничениот со патничко возило сопственост на фирма во која бил вработен, од катна гаража на булевар „Св. Кирил и Методиј“ одзел предмети и причинил материјална штета во вредност од околу 172.000 денари, уништувајќи го инсталираниот противпожарен систем во објектот. Тој бил приведен во полициска станица и во целост го признал и го појаснил начинот на извршување на делото“, известуваат од полицијата.






По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 236 од Кривичниот законик

Поврзани содржини