За да донесе инвеститор државата на 3 хектари од зоната „Жабени“ направи нова индустриска зона
Од ДТИРЗ информираат дека во напредна фаза се преговори со првиот потенцијален странски инвеститор за новата зона, а интерес за инвестиции, со ваков пристап на поддршка од државата изразиле и други компании.
На иницијатива на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Владата донесе одлука да се формира нова државна индустриска зона во Битола. Во оваа фаза, индустриската зона зафаќа површина од три хектари, на дел од локацијата каде предходно се протегаше општинската индустриска зона „Жабени“.
Советот на општина Битола во февруари донесе одлука за скратување на опфатот на општинската индустриска зона „Жабени“ од која беа одземени два плаца за формирање на новата зона.
Дирекцијата за ТИРЗ ќе вложи 1.000.000 евра за подобрување на условите за работа, со план, до крајот на годината овој износ да се зголеми на 3.000.000 до 4.000.000 евра, согласно потребите на инвеститорите.
Од ДТИРЗ информираат дека во напредна фаза се преговори со првиот потенцијален странски инвеститор за новата зона, а интерес за инвестиции, со ваков пристап на поддршка од државата изразиле и други компании.
Како што се дознава новиот инвеститор ќе произведува рударска опрема, а преку новиот начин на управување со зоните оваа компанија ќе добие државна помош. Фирмата се очекува да инврестира 15.000.000 евра и ќе има годишен извоз од 150 милиони долари.
Основањето на новата зона е дел од новиот пристап на ДТИРЗ и модел преку кој треба да се обезбеди поддршка од Дирекцијата и државата за побрзо креирање подобри услови за инвестиции во општините. Истовремено на овој начин се создаваат исти услови за инвестирање и за странските и за домашните инвеститори.
Освен новата индустриска зона Битола, годинава ДТИРЗ почна инвестициски циклус од 15.000.000 евра во инфраструктура во повеќе други индустриски зони – план првпат изготвен во соработка со компаниите корисници и според нивните потреби, нагласуваат од ДТИРЗ.