За да добие пасош, Суарез мамел на испит за италијански јазик

388

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез е обвинет дека мамел на испитот од италијански јазик.

Суарез сакал што побрзо да добие италијански пасош, за да може да потпише за Јувентус.






Во минатата недела тој го полагал испитното ниво Б1, кое го поминал за само еден час.

Италијанските медиуми пишуваат дека дополнително е утврдено дека Суарез мамел, односно дека прашањати ги добил претходно. Поради тоа против него е покрената истрага.

Информацијата ја потврдил и новинарот Фабрицио Романо.Јувентс се откажа од трансферот бидејќи процедурата за добивање пасош трае половина година и Суарез не би можеле да го регистрираат за Лигата на прваците.

Ургваецот на крај ќе треба да ја напушти Барселона и да прејде во Атлетико Мадрид, со кого е блиску до договор.

Поврзани содржини