ЗА ЧУДЕСНАТА ЈАЧМЕНОВА ВОДА… Имаме и рецепт за лесна салата од јачмен

За подобро варење, намалување на холестеролот, слабеење, против анемија, за здраво срце … Јачменовата вода е навистина чудесна. Дали знаете како да ја направите? Имаме рецепт и за салата од јачмен

87

Јачменот стана многу популарна житарка за појадок. Најновите истражувања покажале дека зрната јачмен имаат многу здравствени придобивки за човечкото тело. Особено ако пиеме јачменова вода.

Овој рецепт за домашна вода од јачмен е сосема природен и без шеќер – можете да го пиете без никакви несакани ефекти, освен доколку не сте интолерантни на глутен.






Состојки:

шолјичка јачмен
1 л вода
цедилка

Приготвување:

Прво, исплакнете го јачменот под млаз вода па ставете го во половина литар вода и оставете го да стои четири часа или преку ноќ. Потоа исцедете го. Во натопениот јачмен додадете три до четири чаши вода и ставете го на шпоретот да се вари 40-60 минути или додека зрната јачмен не се сварат целосно. Потоа тргнете го од шпоретот и оставете го да се излади на собна температура. Исцедете ги зрната јачмен од водата.

Како и за што можете да ја користите оваа јачменска вода која може да се чува во фрижидер до три дена, како и рецепт за салатата, побарајте ТУКА.

Поврзани содржини