ЗА БУГАРИТЕ СПОРОТ СО МАКЕДОНИЈА Е ОД НАЈГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ Нема ЕУ за земјава пред договор со Софија

Според истражувањето, 71,1 отсто од Бугарите сметаат дека најважно е да се средат односите на Република Македонија со Бугарија, а не е толку важно дали Република Македонија ќе стане членка на Европската Унија. Спротивното мислење имаат 7,5 проценти, додека останатите 21,4 отсто се двоумат.

459

Над 70 отсто од бугарските граѓани го сметаат за приоритет решавањето за односите на Скопје со Софија, а не пристапувањето на Македонија кон Европската Унија. Најмладите и различните малцински групи се малку подистанцирани од темата, покажуваат податоците на истражувањето на „Галуп Интернешнл Балкан“, пренесе БНР.  Истражувањето е спроведено „лице в лице“ со таблети во периодот од 25 ноември до 3 декември, меѓу 803 полнолетни бугарски граѓани.

Според истражувањето, 71,1 отсто од Бугарите сметаат дека најважно е да се средат односите на Република Македонија со Бугарија, а не е толку важно дали Република Македонија ќе стане членка на Европската Унија. Спротивното мислење имаат 7,5 проценти, додека останатите 21,4 отсто се двоумат.






Малку понаклонети кон игнорирање на проблемите во односите со Северна Македонија имаат најмладите и луѓето со пониско образование. Сепак, уделот на оние кои ја поддржуваат опцијата Македонија да стане членка на ЕУ, без разлика на проблемите во односите со Бугарија, не надминува една десетина. Најсилни во ставот дека најважно е да се средат односите меѓу двете земји, а не толку дали Македонија ќе влезе во ЕУ се постарите, возрасните групи над 45 години и жителите на Софија. Најголем дел од тие што се двоумат, се меѓу помладите испитаници, лицата со основно или пониско образование, како и испитаниците кои се идентификуваат како Турци и Роми. Во Софија, каде што живеат луѓе со повисоки примања и образование, во поактивните економски години – оние кои даваат приоритет на членството на Македонија во ЕУ се само 2 проценти, а спротивното мислење е близу 80 отсто.

Меѓу електоратот на бугарските партии речиси има едногласност – над 80 отсто од поддржувачите на „Продолжуваме со промената“ и на ГЕРБ се на став дека решавањето на односите е приоритет, а потоа доаѓа патот на Македонија кон ЕУ.  

Поврзани содржини