ЗА БРНАБИЌ ПАДОТ НА НАСТРЕШНИЦАТА Е ДИВЕРЗИЈА, ЗА ДА СЕ ПОКРЕНЕ ОБОЕНА РЕВОЛУЦИЈА Ќе се состане Советот за национална безбедност на Србија

Седницата на Советот за национална безбедност доаѓа по неколкудневните протести низ цела Србија, за време на кои имаше судири меѓу демонстрантите, полицијата и поддржувачите на Српската напредна странка, при што во неколку наврати беа демолирани просториите на таа партија, како и некои локални институции.

110

Седница на Советот за национална безбедност на Србија ќе се одржи утре и со неа ќе претседава претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Седницата на Советот за национална безбедност доаѓа по неколкудневните протести низ цела Србија, за време на кои имаше судири меѓу демонстрантите, полицијата и поддржувачите на Српската напредна странка, при што во неколку наврати беа демолирани просториите на таа партија, како и некои локални институции.






Седницата ќе се одржи и откако Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина ја отфрли жалбата на Милорад Додик против одлуката на Централната изборна комисија со која му беше одземен мандатот како претседател на Република Српска по изрекувањето на судската пресуда. По одлуката на Апелациониот совет на тој суд, Додик официјално повеќе не е на функцијата претседател на Република Српска.

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека падот на настрешницата во Нови Сад не била несреќа, туку диверзија за да има повд за протести:

– Јас денес, ако ме прашате дали мислам дека настрешницата паднала, дека тоа било несреќа? Не… Не мислам така. Мислам дека сето тоа е организирано, планирано и мислам дека е урната како почеток на обоената револуција – рече Брнабиќ.

Таа додаде дека иницијативата за советодавен референдум за импичмент на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во тек во Народното собрание и дека пратениците лесно би можеле во рок од еден час, да иницираат советодавен референдум.

„ИМ ОСТАНА УШТЕ ДА УБИЈАТ НЕКОГО, АМА ЌЕ ЈА ВИДАТ МОЌТА НА ДРЖАВАТА СРБИЈА“ Вучиќ најави решителна акција за враќање на мирот, по насилните протести

Поврзани содржини