Вeлика Британија ќе ги заостри ограничувањата, ако не се почитуваат правилата, изјави британскиот министер за здравство Мeт Хенкок.
Тој најави и дека Владата ќе воведе казни од 1.000 до до 10.000 фунти за прекршителите на новите правила за самоизолација.
– Ако сите се придржуваат до правилата можеме да го избегнеме карантинот – посочи Хенкок.
Новите правила за казнување ќе стапат во сила на 28 септември.
Во Велика Британија вкупно 390.358 луѓе се инфицирале со новиот коронавирус, од кои починаа 41.759 лица.