ЗА 90 ДЕНА СИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ ЌЕ ИМААТ ВЕБ СТРАНИЦИ Се зајакнува транспарентноста на институциите

Според анализата на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, координирана од кабинетот на вицепремиерот Фетаи, произлегува дека претходната влада СДСМ-ДУИ реализирала само една активност од 24 мерки и 56 активности што се предвидени во акцискиот план на стратегијата.

135

На предлог на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи на денешната седница на Владата беа усвоени важни одлуки за зајакнување на транспарентноста и отчетноста на државните институции, информираат од кабинетот на Фетаи.

Според анализата на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, координирана од кабинетот на вицепремиерот Фетаи, произлегува дека претходната влада СДСМ-ДУИ реализирала само една активност од 24 мерки и 56 активности што се предвидени во акцискиот план на стратегијата.






Со денешните одлуки, Владата го задолжи работното тело за спроведување на Стратегијата за транспарентност 2023–2026 во рок од 7 дена да подготви измени на акцискиот план, со утврдување нови рокови и надлежни институции за реализација на активностите.

– Меѓу преземените мерки, се издвојуваат три: Министерствата и органите на државната управа во рок од 45 дена ќе ги објават сите информации од одговорените барања за пристап до информации од јавен карактер, анонимизирани, почнувајќи од 24 јуни 2024 година; Органите на државната управа кои немаат веб-страници, ќе ги креираат во рок од 90 дена; Министерствата и другите државни органи ќе ги објават на своите веб-страници внатрешните постапки за јавни набавки – информираат од Кобинетот на Фетаи.

Институционалната транспарентност, додаваат оттаму, е врвен приоритет на оваа Влада.

Поврзани содржини