ЗА 82 ДЕНА АРСОВСКА ДОБИ ТОАЛЕТ Младите од СДСМ ѝ подарија и шахта

Младите социјалдемократи денеска пред капијата на Град Скопје оставија подарок за градоначалничката Арсовска.

2,262

На 82 ден од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ ова е нејзиниот отчет: Тоалет. Ова е единствениот нејзин проект. И една нивелација на шахта. Толку. Ова го изјави денеска Петар Петковски од СДММ.

Младите социјалдемократи денеска пред капијата на Град Скопје оставија подарок за градоначалничката Арсовска.

– После 82 дена едно е јасно: Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник којшто го имал Скопје. Нема реализирано речиси ништо од она што го вети пред граѓаните. Нема бесплатен јавен превоз, нема пет нови мега паркови, не се чисти, депониите си стојат, нема помош за скопјани сред енергетската криза, нема проекти. Не успеа ниту да ги врати бројчаниците на семафорите, ветување што го даваше пред граѓаните. Има само партизација и полнење на градските претпријатија со кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа денеска ѝ оставаме поклон една шахта и тоалет, за нејзините менаџерски неспособности – изјави Петковски.

Поврзани содржини