ЗА 8 МЕСЕЦИ ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ПОРАСНА ЗА 2,2% На годишна основа во август бележи пад од 3,5%
Во август годинава споредено со истиот месец лани, производството во секторот „рударство и вадење на камен“ бележи раст од 7%, но во секторот „преработувачка индустрија“ има опаѓање за 1,4%, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ намалување од 26,8%.
Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2,2 % во однос на периодот јануари – август 2024 година, но е намалено за 3,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Растот на индустриското производство во изминатите 8 месеци од годинава го обезбеди: преработувачката индустрија која порасна за 3,8% и рударството со раст од 0,9%. Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација забележа пад од 11,3%.
Двигатели во преработувачката индустрија е одделите: производство на производи од гума и
производи од пластични маси со раст од 80,5%, производство на електрична опрема со раст од 12,5%, производство на мебел од 13,5% и производство на останата опрема за транспорт 12,6%
Во август годинава споредено со истиот месец лани, индустриското производство е намалено за 3,5%. Притоа производството во секторот „рударство и вадење на камен“ бележи раст од 7%, но во секторот „преработувачка индустрија“ има опаѓање за 1,4%, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ намалување од 26,8%.
Најголемо влијание на намалувањето на производството во август на „преработувачка индустрија“ имаат повеќе оддели: производство на прехранбени производи за 6,1%, производство на текстил за 20,8%, печатење и продукција на снимени медиуми (записи), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати за 11,9%, производство на метали 19,2%, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема за 30,9%, потоа на производство на машини и уреди, неспоменати на друго место за 19,3% и производството на мебел за 7,4%.
Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23,7%, Капитални производи за 12%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,8%.