ЗА 6 МЕСЕЦИ ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО ПОРАСНАА ЗА 4.815 ДЕНАРИ Првото покачување беше лани со октомвриската плата

За само шест месеци од Владата платите во здравството достигна зголемување од 4.815 денари нето за сите здравствени работници, додека за медицинските сестри изнесува дури 6.200 денари, соопшти Владата велејќи дека со ова покажала дека се враќа достоинството на докторите и медицинските сестри.

140

Владата соопшти дека значително ги зголемила платите на здравствените работници, медицински сестри, техничари и административен персонал.

„Првото покачување беше со октомвриската плата во 2024 година, а со мартовската плата исплатена на април за сите вработени во јавниот здравствен сектор се зголеми за 2.500 денари.






За само шест месеци од Владата платите во здравството достигна зголемување од 4.815 денари нето за сите здравствени работници, додека за медицинските сестри изнесува дури 6.200 денари.

Со ова покажавме дека се враќа достоинството на докторите и медицинските сестри кои се чувари на здравјето на граѓаните.

Наша цел е подобрување на здравствените услуги и здравствената заштита на пациентите.

Преку дијалог со здравствените синдикати постигнавме историски договор за покачување на платите во здравството во следните четири години да достигне дури 50 проценти.

Со работа, труд и реформи носиме резултати кои значат поголема мотивација, посветеност, стабилност и квалитет во здравството.

Владата продолжува да работи во интерес на сите граѓани и конечно враќање на довербата на граѓаните во јавните здравствени услуги“, велат од Владата.

Поврзани содржини