ЗА 45 ДЕНА 1.250 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЗДРАВСТВОТО Министерот Алиу се пофали дека се решава статусот на ангажираните

218

Во рок од 45 дена и за рекордно време се реализирани повеќе од 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем, соопшти Министерството за здравство.

До овој момент, во рамките на процесот се спроведени над 1.700 тестирања.






– Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со години немаа сигурност, здравствено осигурување, формален работен однос и беа под континуиран стрес. Сега, со овој чекор, добија достоинствено место во системот – рече министерот Азир Алиу.

Со оваа кадровска стабилизација, Министерството за здравство испраќа силна порака за континуирана грижа и вложување во човечкиот капитал, како предуслов за подобри здравствени услуги за сите граѓани, се додава во соопштението од Здравство.

Поврзани содржини