ЗА 430 ДЕНАРИ ПОЕВТИНИ СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА Во септември таа изнесува 65.077денари

Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, кошничката изнесува 80.452 денари.

50

Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2025 година изнесува 65.077 денари и е намалена за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65.507 денари. Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80.452 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.394 денари или 35,9%, за облека и обувки 5.725 денари или 8,8%, за станарина, вода, електрична енергија  и греење 6.096 денари или 9,4%. За лична хигиена и одржување  хигиена во домот 2.636 денари или 4,0%, за транспорт 4.716 денари или 7,2%, за комуникации 3.417 денари или 5,3%, за здравје 1.174 денари или 1,8%.






На едно четиричлено семејство во септември за образование му биле неопходни 7.097 денари или 10,9%, рекреација и култура 5 592 денари или 8,6%, за ресторани и хотели 4 131 денари или 6,3% и за останати стоки и услуги 1 100 денари или 1,7%.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21.471 денар.

Поврзани содржини